Владата прифати 18 амандмани за дополнување на Предлог-буџетот за 2021.година

208 прегледи

Во владата се заклучи и 27. редовна седница на која беа донесени повеќе одлуки

Владата прифати 18 амандмани за измени и дополнувања на Предлог-буџетот за 2021, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии и донесе одлука текстот на дополнетиот Предлог-Буџет за 2021 година да биде доставен во Собранието на Северна Македонија на усвојување.

Во оваа насока беа прифатени и заклучоци кои гласат: кај буџетскиот корисник – Уставен суд на Република Северна Македонија да се предвидат дополнителни средства во износ од 9 милиони денари, во делот наменет за плати и надоместоци, како и со Измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година да се обезбедат дополнителни средства за постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис.

Слични содржини