Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека е можна опција државата со закон да го забрани незаконското копање криптовалути.
-Да може. За тоа ќе треба законско решение да се донесе. Се додека не се донесе, мора да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови. Во овој период не треба да се прави поради недостигот на електрична енергија. Јас сум во комуникација со систе соседни држави, меѓутоа секој има свои специфики. Косово е во најтешка ситуација. Таму веќе има рестрикции и сите во нашите можности помагаме колку што можеме, бидејќи на крајот на денот соседите се тие кои што први треба да си помагаат, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата после завршувањето на Советот за безбедност во претседателската вила на Водно.
Пред осум месеци косовската влада го забрани копањето на криптовалути за да ја намали потрошувачката на електрична енергија во време кога земјата се соочува со најлоша енергетска криза во последното десетлетие.