Владата размислува за преземање на работата на БЕГ

од Nikola Popovski
467 прегледи

Новиот мандатар на Владата, Димитар Ковачевски синоќа потврди дека Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење оваа зима.

-Според законите, топлинската енергија и БЕГ е во надлежност на градот Скопје и градот треба да биде свесен дека и тие треба да предвидат мерки кои што очигледно не се предвидени во справувањето со оваа криза. Без оглед на тоа, Владата веќе одржа состанок, на кој се разгледа ситуацијата. Сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарни услови. Министерството за финансии обезбеди финансиски средства на БЕГ за набавката на гас од Развојната банка на Македонија. БЕГ треба да понуди гаранција со која ќе го обезбеди кредитот. Доколку тоа не се случи, се разгледува опцијата за пренаменско преземање во работата со компаниите во Скопје, кои што се задолжени и обезбедуваат топлинска енергија, истакна Ковачевски на прес-конференција.

Слични содржини