Владата со одлука да се исплатат средства на „А1 Македонија“

од Nikola Popovski
442 прегледи

На денешната седница Владата донесе Одлука за исплата на средства на „А1 Македонија” ДООЕЛ Скопје, како финансиска поддршка на приватниот сектор за ублажување на последиците предизвикани од кризата од коронавирусот КОВИД-19.

Со оваа одлука се реализира заклучокот на Владата од 59-та седница одржана на 30 март 2021 година, за исплата на средства од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за реализација на мерка од петтиот сет на антикризни мерки која ги опфаќа сите радиодифузери во земјата за да им се покријат трошоците за 2021 година кон операторот А1 на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување.