Владата тврди дека лажни се вестите за набавката на егзотични овошја

од Nikola Popovski
26 прегледи

Во однос на обвинувањата на дел од опозицијата дека Владата распишала тендери за набавка на овошје, портпаролката Марија Митева денеска на прес-конференција рече дека „жали што граѓаните се замајуваат со вакви лажни вести кои имаат за цел да дезинформираат и да ја дефокусираат јавноста“.

Митева ги охрабри новинарите да ги побараат договорите од претходнатта година и дговороите од оваа година од СОЗР и да направат споредба. Според неа, ќе се постави прашањето како е можно договорите сега да имаат пониски цени.

-Прометот е зголемен за 15,5% од услугите. Мислам дека доволно соопштивме пред јавноста и мислам дека ваквите вести ќе ги покриеме со кажување на вистината, рече портпаролката.

Левица вчера обвини дека Владата набавила папаја, манго, аспарагус и други овошја и зеленчуци за своите потреби.

-Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја – владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните! Имено, Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучи милионски договори за полнење на стомаците на владините функционери со скапи деликатеси.  Наместо веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра, владејачката коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ избра да троши народни пари на егзотични овошја и храна која е недостижна за обичниот работник: папаја, аспарагус, манго, ананас, авокадо, леб од по 100 до 440 денари и многу друго.

Во исто време, трошоците за живот вртоглаво растат – синдикалната кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 6.089 денари, а храната поскапена за 10,43%. Власта наместо да ги штити работниците, без срам ја покажува својата вистинска политика – привилегии за богатите, беда за народот. Тоа се покажува и со нивните скапи патувања без никаков придонес за државата, бизнис класи, приватни авиони, најавите за купување на нов владин авион, дрското одбивање на предлогот за кратење на патните трошоци, рекоа меѓу другото од партијата на Димитар Апасиев.

Од Левица велат ако Владата не го прифати предлогот на Синдикатот за 500 евра минимална плата, тие ќе поднесат законско решение за зголемување.

Слични содржини