Министерот за финансии Зоран Ставрески соопшти дека Владата го усвоила ребалансот на буџетот. Со оваа корекција ,,на државната каса практично се прави само алокација на буџетски пари а нема никакво кратење. Ставрески изјави дека се зголемуваат приходите но истовремено најави и зголемување на расходната страна.

За сугестиите на ММФ да се намалат социјалните трансфери, субвенциите и другите буџетски трошења министерот изјави дека трошењата се согласно владината програма.