Владата на Република Северна Македонија ја усвои Стратегијата за транспаретност за периодот 2019-2021 година со Акциски план. Стратегијата е насочена кон унапредување на амбиентот за транспаретност и доверба во работата на институциите во пресрет на интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.
Како што соопштија од владината прес служба, истата е донесена на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.
На владината седница е донесено и решение за назначување на членови на Националниот совет за сајбер безбедност и задолжени се Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана да назначат членови на Меѓуресорска работна група за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Националниот совет за сајбер безбедност.