Владата утре ќе ги замрзне цените на оризот и јајцата, согласно цените кои биле претходно во текот на месецов, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
-Како министерство имаме предлог цената на јајцата да биде една од цените од месец март, но не сакам јавно да ја кажам, затоа што можат одредени производители и трговци да се подготват. Ќе биде една од цените која била во март, додаде Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Tој нагласи дека имаме најевтини на цени во регионот.
Според него, во делот на шеќерот и брашното, согласно сите податоци на Царинската управа во делот на увозните и цените што се произведуваат, веќе имаме намалување и тоа ќе продолжи.
-Затоа таму нема да превземеме никакви мерки затоа што очекуваме цените сами да паѓаат, истакна Бектеши.
Во случај тоа да не се случи, кон крајот на неделата, ќе следат дополнителни одлуки.