Владата утре ќе одлучува за новите ковид-мерки

од Берта Китинска
233 прегледи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово на Главниот Координативен Кризен Штаб (ГККШ) ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени на состанокот, минатата недела, информираат од министерството за здравство.

-Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава како и за покачување на вакцинацијата во државата.

Говорејќи за состојбата во државата, министерот образложи дека болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%. Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други. Министерот Филипче, вечер ќе одржи состанок со Синдикатите како би ги слушнал и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница, вела то МЗ.

Оттаму додаваат дека на денешниот состанок на ГККШ не биле донесени заклучоци и предлог мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада.

Комисијата за заштита од заразни болести препорачува нови мерки за сите вработени во јавниот сектор, кои во иднина за да дојдат на работа ќе мора да имаат или потврда за најмалку една примена вакцина, негативен ПСР тест, кој не е постар од 72 часа или потврда за прележан ковид, која што не е постара од 45 дена.

Друга мерка која се предлага е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството.

Слични содржини