Владата вечерва на седница ќе го разгледува францускиот предлог

од Nikola Popovski

Прес-службата на Владата информира дека вечерва со почеток во 20:15 часот ќе се одржи 57-та седница на Владата на Република Северна Македонија.

-По одржувањето на седницата Владата ќе ја информира јавноста, стои во објавата.

Иако не е најавено, се поизвесно е дека е свикана владина седница, на која ќе се презентира францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, кој денеска пристигна на „Илинденска“.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави од Мадрид дека е убеден дека е најден компромисен договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој е прифатлив за двете страни.

– Во однос на пристапувањето на Северна Македонија, ги продолживме консултациите со македонските и бугарските власти бидејќи нашата определба за европската перспектива на Западен Балкан е дека можеме да ги отвориме првите поглавја за Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, убеден сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сечиј сензибилитет, во интерес на Бугарија и Северна Македонија, прифатливо за сите, изјави Макрон.

Слични содржини