Владата во петок ќе ја објави точната бројка на администрацијата

од desk2
68 прегледи

Пребројувањето и анализата на состојбите во администрацијата заврши.Во петок ќе бидат презентирани бројките и состојбата, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Новиот детален извештај за состојбата во администрацијата се најавува и подготвува подолго време по промената на власта.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, во неколу наврати досега реагираше за бркање на луѓе од работа и партизација на администрацијата.