Владата: Времено вработените во јавната администрација да се стават на располагање на ДЗС за пописот

од Nikola Popovski
189 прегледи

Владата на денешната седница донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции, и истото им го препорача на единиците на локалната самоуправа и на институциите под нивна надлежност.

Премиерот Зоран Заев во своите настапи постојано укажува дека пописот нема да биде одложен и ќе се спроведе во утврдениот рок од 5 до 30 септември, иако ДЗС има проблем да обезбеди доволен број попишувачи.

Државниот завод за статистика планираше во пописот да учествуваат нешто помалу од 6.000 попишувачи. Но тешко дека оваа бројка ќе биде достигната, бидејќи граѓаните не се пријавуваат и покрај тоа што огласот за попишувачи три пати беше продолжуван.

И додека земјите во регинот, Европа, па и пошироко, ги имаат податоците за своите жители, Македонија, речиси 20 години го нема пребројано населението. На последнинот попис спроведен во 2002 година бројот на вкупното население изнесуваше 2.022.547 граѓани од кои  50,20% мажи и 49,80% жени.

Слични содржини