424
На 14-тиот традиционален Божикен ручек во Прилеп, Митрополитот Петар образложи зошто според него е важно да се воведе веронаука во училиштата која, како што додаде, ќе постигне духовна обнова на граѓаните.
„Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи. Со веронауката, сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби“, рече Владиката.