850
Митрополитот загребачко-љубjански Порфирије беше избран за нов патријарх на Српската православна црква, пренесе „Нова.рс“.
Редовното собрание на Српската православна црква се одржува неколку месеци порано оваа година за избор на нов патријарх, а по смртта на патријархот Иринеј, кој почина од последиците на коронавирусот во ноември 2020 година.
Оттогаш па се до овие избори, со престолот на Српската православна црква управуваше епископот дабробосански Хризостом, заменик, кој ќе служи на денешната литургија.