Владимиров: Бугарија мора повторно да стане локомотива за пристапување на Западен Балкан во ЕУ

од Nikola Popovski
235 прегледи

Гестот што го направи новиот бугарски премиер е доста позитивен и исклучително важен, изјави за БНР бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров пред посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје.

Според Владимиров, оваа посета треба да ги дефокусира „темите кои се во ќорсокак“.

-Императив, па дури и задоцнето е да се фокусираме на теми од реалниот живот. Живееме во 21 век и Бугарија мора да води проактивна политика, нагласи тој, додавајќи:

-И повторно да станеме локомотива за пристапување на Западен Балкан во европскиот проект.

Аналитичарот истакна дека Албанија стана колатерална жртва на ветото кон Македонија.

Владимиров посочи дека Бугарија останала изолирана, а Македонија ги освоила симпатиите на многу нивни партнери во ЕУ и САД.

-Случајот што беше претставен пред бугарското општество е дека некој ни ја украл историјата. Темата историја е важна за двете општества, особено за опозициските партии во нив, рече Владимиров.

-Скопје побрзо стигнува до Белград отколку Софија, а Србија е исто така претендент за лидерство на Западен Балкан, вели аналитичарот.

-Според Коридорот 8, ја завршивме домашната задача, но има уште многу да се направи, имаме искуство во апсорпција на европските фондови за инфраструктура и мора да им помогнеме на Северна Македонија и Албанија да ја завршат, додава Владимиров.

-Тезата наметната на бугарското општество дека некој многу не мрази во македонското општество, не е толку точна. Спорот за историјата и идентитетот не смее да биде меѓудржавен спор. Ова е тема и разговор што мора да помогнеме да се одвива во самото македонско општество, категоричен е Владимиров.

Слични содржини