Владина делегација положи цвеќе и оддаде почит пред спомениците на депортираните македонски Евреи и на паднатите борци во НОБ

од Nikola Popovski
166 прегледи

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес ја предводеше владината делегација по повод одбележувањето на депортирањето на Евреите од Македонија.

На денешен ден се одбележуваат осумдесет и една година од грозоморните дела на окупаторите кои собрале преку 7200 луѓе, мажи, жени и деца евреи од цела Македонија по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка.

-Со оддавањето почит ја потврдуваме нашата посветеност на борбата против омразата, фанатизмот и угнетувањето во сите нејзини форми. Високата морална одговорност е солидарност со оние кои страдале и кои продолжуваат да страдаат поради прогон и дискриминација.

Во чествувањето на овој ден, во спомен на жртвите со надеж дека такви злосторства никогаш повеќе нема да се случат. Да се стремиме кон иднина изградена на толеранција, разбирање и почит кон целото човештво.

Денешниот настан е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под слоганот „Сеќавање- 11 Март, Холокаустот на македонските Евреи”. На комеморацијата на депортираните Евреи од Македонија и паднатите борци во НОБ, учествуваа и претставници од собранието на Република Северна Македонија како и претставници од Еврејската заедница, соопштија од Владата.

Слични содржини