Владина делегација во Дубаи: Се отвораат можности за соработка помеѓу компаниите во повеќе сектори

од Vladimir Zorba

За време на вториот ден од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, а веднаш по завршување на Бизнис конференцијата која се одржа во Експо Дубаи, делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари две одделни средби со претставници на стопанските комори на Емиратите Абу Даби и Шарџа.

За време на средбите вицепремиерот беше придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, амбасадорот на Северна Македонија во ОАЕ, Абдулкадар Мемеди, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили и претставнците на стопанските комори од Северна Македонија.

На средбата со претседателот на Стопанската комора на Абу Даби, Абдула Мохамед ал Мазруи и генералниот директор на комората Мохамед Хелал ал Мехри, се разговараше за детектирање на можностите за соработка, при што е констатирано дека има можност за воспоставување на соработката во замјоделското производство, преработка и пакување на храна и пијалаци, како и во секторот енергетика, за искористување на искуството во однос на изградба на производствени капацитети од обновливи извори.

Вицепремиерот Битиќи и министерот Нуредини на двата состанока со стопанските комори од Абу Даби и Шарџа, ги презентираа можностите за инвестиции во нашата земја, како и поволностите кои ги овозможуваат Законот за стратешки инвестиции, Законот за енергетика, Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за контрола на државна помош, при што истакнаа дека Северна Македонија има одлични услови за водење на бизнис, отворена и партнерски насочена Влада, како и конкуретни мерки за поддршка. Пост-ковид периодот, по научените лекции за време на ковид кризата., треба да се искористи за инвестиции во производствени капацитети кои ќе бидат блиску до европските пазари и се дел од вредносните ланци на големите меѓународни компании.

Официјалната делегација од Северна Македонија се сретна и со претседателот на Стопанската комора на Шарџа, Абдула Султан ал Оваис, пришто се запознаа со потенцијалот на оваа стопанска комора за организација на големи меѓународни саеми, кои би можеле да се искористат за воспоставување на взаемна соработка помеѓу коморите до Северна Македонија и ОАЕ и отворање на поголеми можности за пласман на производите од нашата земја на меѓународни пазари.

Слични содржини