Во близина на владатана мостот „Гоце Делчев“ , автомобил во сопственост на Министерството за економија, во кој бил министерот Беким Незири управуван од неговиот возач, прегазил мајка со дете на возраст од осум години, кои се обидувале да ја преминат улицата, објави порталот FAKTE.Net и уште неколку портали на албански јазик.

Како што стои во новинарските извештаи, од полицијата известиле дека случајот е пријавен, и дека детето и мајката се префрлени во болница, но за среќа не се во животна опасност.
Според информациите од службата на информирање во МВР несреќата се случија во 12.23 часот, кога возило марка „пасат“ прегазило две женски лица. По сообраќајката двете прегазени лица биле однесени во болница, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Возилото го управувало службеното лице А.Р. на возраст од 35 години.
Во текот на денот повеќе медиуми пренесоа дека информација дека службеното возило на министерот Незири прегазил мајка и дете. Според овие информации за време на сообраќајката во возилото бил и министерот, но возилото го управувал шофер.