После пејачката Антонина Гиговска, денеска и Владо Јаневски го откажа учеството на музичкиот хепенинг на плоштадот Скендербег во Скопје, со што ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.
Преку социјалните мрежи, пејачот соопшти дека нема да пее на прославата во сабота.
-Владо Јаневски не настапува на прославата која ќе се одржи на 13.02.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, стои во кратката објава.
На официјалната фејсбук страна на Министерството за политички систем се уште стои објавата со настапот на Владо Јаневски.
-Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира „PEACE FESTIVAL“, како и Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue”. Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот Скендербег во Скопје со настап на познати музички звезди. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, објавено е на страницата на министерството.
Музичкиот настан ќе се одржи на 13-ти август, во сабота, со почеток од 21 часот.