Душан Влаховиќ призна дека му било потребно време да се адаптира во Јувентус. 22-годишниот Србин пристигна во Торино во јануари и постигна девет гола на 21 натпревар до крајот на сезоната.
„Прочитав дека во последните 10-12 години најдобриот стрелец во лигата не го освоил Скудетото, но секогаш има прв пат, нели? Тимските цели се пред личните цели. Поважно е Јуве да победи, но ако постигнам 30 гола и станеме шампиони, нема да имам проблем“, изјави Влаховиќ.
Напаѓачот зборуваше за неговото доаѓање во Јувентус.
„Не беше тешка одлука бидејќи Јуве е голем клуб, многу блиску до мојот начин на работа, никогаш не се откажувам до крајот, верувајќи дури и кога се чини дека се е изгубено. Дефинитивно ми требаше малку време да се навикнам. Сепак, требаше да се справам подобро. Не сум среќен бидејќи го загубивме финалето. Се квалификувавме за Лигата на шампионите, но можев повеќе“.
Влаховиќ ги коментираше и новите засилувања Пол Погба, Анхел Ди Марија и Бремер.
„Пол сака да дава прекари. Го познавам само од ТВ. Тој е светски шампион кој освои толку многу во годините во Јуве. Анхел веќе подолго време игра на највисоко ниво. Треба да го запознаеме за подобро да се разбереме на теренот, но сигурен сум дека тоа нема да биде проблем. Тој има играно со големи имиња. Морам да го прашам како да се движам за да ме најде. Бремер е најдобриот дефанзивец во Серија „А“. По сезона во која ништо не освоивме, наша должност е да се стремиме да освоиме се“.