Влаховиќ прошета во дресот на Јувентус, во соблекувалната го чекаше изненадување (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ го засили Јувентус, кој официјално го претстави во петокот вечерта.

Влаховиќ беше опишан како „тотален напаѓач и сила на природата“, а „Старата дама“ на својот сајт спомена дел од досегашните достигнувања на напаѓачот, за кого плати повеќе од 70 милиони евра.

Србинот го доби договорот на животот и тоа токму на неговиот роденден, поради што клубот од Торино се потруди да му го разубави денот.

Влаховиќ за својот 22 роденден ја доби „седумката“ на дресот кој до неодамна го носеше Кристијано Роналдо и мала торта со една свеќа во соблекувалната.

Поранешниот напаѓач на Фиорентина оваа сезона постигна 20 гола на 24 настапи во Купот и Серија А.

Слични содржини