Влаховиќ: „Седмицата“ на Роналдо не ми значи ништо

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Фудбалскиот клуб Јувентус официјално го претстави Душан Влаховиќ. Србинот се претстави пред медиумите за прв пат по пристигнувањето во Торино.

Тој се заблагодари на раководството на Јувентус што напорно работеле за да го купат од Фиорентина.

– Исклучително сум возбуден. Дојдов во познат клуб и подготвен сум да дадам се од себе за најдобри можни резултати. Благодарност до луѓето од Јуве што толку напорно работеа за да ме ангажираат – започна Влаховиќ.

Се очекува да дебитира на 6 февруари против Верона во Серија А.

– Целта ми е што побрзо да се прилагодам на барањата на тренерот, да се дружам со сите и да формирам семејни односи со соиграчите и со сите што работат во Торино. Тоа е клучната ставка. Не постои играч на светот кој може да победи сам. Тимот е на прво место: и кога триумфира и кога губи. Морам да се ставам во служба на тимот, само заедно можеме да успееме.

ДНК-та на Јувентус имала предност што тој се одлучил за тимот од Торино. Се работело за „победничка ДНК“.

– Лесно ми беше да го изберам Јувентус. Желбата за победи е врежана во ДНК-та на овој клуб, овде никогаш нема предавање, секогаш се бориме до крај, дури и кога страдаме. Тоа е и мојот менталитет и затоа изборот беше природен. Самиот факт што сум во Јуве кажува дека нема повеќе изговори. Јуве не чека никого, морам да бидам подготвен од првиот ден. Ќе дадам се од себе за што поскоро да ги исполнам барањата на тимот. Тука се бројат само триумфите.

Влаховиќ во Торино ќе го носи дресот со број седум, а Србинот објасни зошто го избрал бројот што го носел Кристијано Роналдо.

– Искрено ви велам, бројот седум не ми значи ништо. Го избрав само затоа што е најблиску до девет. Знам дека „седмицата“ има посебна тежина, но сите бројки во овој клуб се тешки. Дали се споредувам со другите, како Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе? Не, јас одам по својот пат, подготвен да работам напорно и секогаш да бидам фокусиран…

Слични содржини