Влаховиќ доаѓа во Манчестер? Англичаните со необична трговија…

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Новинарот Алекс Крук од англиското радио „Токспорт“ наведува дека Јувентус му понудил на Манчестер Јунајтед да ги замени напаѓачите – Србинот Душан Влаховиќ и Холанѓанецот Џошуа Зиркзе.

„Јувентус му го понуди Душан Влаховиќ на Манчестер Јунајтед како дел од зделката за Џошуа Зиркзе“, се наведува во првата реченица од текстот на сајтот „Токспорт“.

Зиркзе летово дојде од Болоња на „Олд Трафорд“ за 36,5 милиони фунти, но не се снајде во дресот на „црвените ѓаволи“.

Во 20 кола од Премиер лигата постигна само три гола, а навивачите на Јунајтед го исмеваа 23-годишниот Холанѓанец поради неговата голгетерска суша по поразот од Њукасл со 0:2.

Италијанските медиуми зборуваат за потенцијалниот трансфер на Зиркзе во Јувентус, додека 24-годишниот Земунец се шпекулираше дека е на радарот на Арсенал и Челси.

Договорот на 190 сантиметри високиот српски центарфор истекува за година и пол, а нема индиции дека сака да остане во торинскиот клуб.

Влаховиќ, член на Јуве од неговото доаѓање од Фиорентина во јануари 2022 година, оваа сезона постигна 12 гола во сите натпреварувања, а впечаток е дека недоволно е ценет кај „бјанконерите“, особено кога се во прашање нивните навивачи.

Доколку Влаховиќ дојде во Манчестер, единствен конкурент во тимот на Рубен Аморим би бил Данецот Размус Хојлунд, бидејќи португалскиот стручњак не смета на Маркус Рашфорд, за кој се вели дека е на излезната врата од клубот.

Кога станува збор за Зиркзе, тој дојде во Италија како играч на Парма, но сите 13 гола во Серија „А“ ги постигна во Болоња.

Јунајтед има само шест победи, пет нерешени и девет порази во Премиер лигата, додека Јувентус е единствениот непоразен тим во Серија А.

Сепак, „бјанконерите“ се само петти на табелата со седум победи и 11 нерешени.

Слични содржини