Фудбалерот на Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ ја одбил понудата на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо да ја продолжи играчката кариера во клубот од Истанбул.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо побарал од челниците на клубот да го ангажираат Влаховиќ на крајот од сезоната, бидејќи португалскиот стручњак сака да го засили нападот на тимот од Истанбул.
„Фенербахче мора да одговори на тандемот на Галатасарај на Мауро Икарди – Виктор Осимен, како и на фактот дека договорот на Един Џеко истекува во јуни оваа година. Фенербахче може да му гарантира на Влаховиќ иста плата што ја има во Јувентус, имено 12 милиони евра по сезона, но српскиот напаѓач рекол дека има други амбиции за кариерата. Додал дека парите се важни, но не и единственото нешто што е важно, пишуваат италијанските медиуми.
Влаховиќ на почетокот на годината одби неколку понуди од Саудиска Арабија, бидејќи се надева дека на крајот од сезоната ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Српскиот интернационалец пристигна во Јувентус во јануари 2022 година, а претходно играше за Фиорентина и Партизан. Оваа сезона одигра 31 натпревар за торинскиот клуб, постигнувајќи 14 гола, а има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.