Власи ќе му прости на лицето кое се обиде да го убие, ако каже кој и зошто го пратил

од desk4
77 прегледи

Косовскиот висок функционер од времето на поранешна Југославија, а сега адвокат, Азем Власи, на денешното судење во Приштина на лицето кое во март минатата година се обиде да го убие, Мурат Јашари, му порача дека ќе се откаже од обвинението, доколку тој каже кој го пратил и кои се мотивите за обидот за убиство, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Доколку овој каже и открие кој го натера и кои се мотивите зошто дојде кај мене за да го реализира планот за убивањето на сите тие луѓе, јас ќе се откажам од кривичното гонење, изјави Власи.

Тој побара и ново психијатриско вештачење за да се утврди дали е Јашари „дебил или имбецил“, откако првичната дијагноза била дека него дошол да го убие личност со психички нарушувања, односно, како што рече, „лудак“.

– Сепак тоа треба да се утврди од експерти, бидејќи во материјалите за случајот има импровизирана и воопштена експертиза, направена шест месеци по нападот врз мене, рече Власи.

Мурат Јашари на 13 март 2017 година упадна во адвокатската канцеларија на Власи во центарот на Приштина и пукаше во него од револвер, но му нанесе само полесна повреда во градите, од која бившиот комунистички функционер бргу се опорави.

Јашари беше уапсен недолго по атентатот врз Власи и кај него беше пронајден список составен од организација наречена Окото на народот, со имињата на над 20 политичари Албанци, од Косово, Албанија, Македонија и Србија, кои требало да се ликвидираат.

Меѓу оние кои илегалната организациуја ги смета за „предавници на националните интереси“, меѓу останатите, се најдоа и косовскиот претседател Хашим Тачи, спикерот на косовскиот парламент Кадри Весели, лидерот на Демократската унија за интеграција од Македонија Али Ахмети, албански политички лидери од Прешевската долина во Србија.

Освен за атентаторот Јашари, приштинскиот суд покраена обвиненние за уште девет лица осомничени дека се вмешани во планирање атентати и во извршување други кривични дела, меѓу кои и тероризам и активности против уставниоот поредок и безбедноста на Косово.