“Власт и душа последно се испуштаат”-светските лидери кои не ја пуштаат власта

од desk3
88 прегледи

655-402-afrikanski-lider

Велат дека власта опијанува. А кој ќе ја добие, тешко сака да ја пушти.

Еден од ретките исклучоци е претседалот на Ангола, кој најави дека при следните избори ќе се повлече од функцијата на шеф на државата. Малата подробност е дека Жозе Едуарду туш Санту е на чело на земјата од 40 години.

Дали ќе се повлече или ќе продолжи да управува, но во сенка, треба да дознаеме:

“донесов одлука да завршам мојата политичка кариера во 2018 година”, сепак вели тој.

655-402-afrikanski-lideri
Санту е избран за шеф на државата за прв пат во 1979-та година.

Според светската листа, тој е на второ место како најдолго управувачки лидер. Следуваат монасите на Велика Британија и Тајланд.

Само со еден и пол месец го претркува претседателот на Екваторијална Гвинеја Теодоро Обианг Нгема Мбасого.

655-402-afrikanski-lideri (1)
Најстариот претседател во светот пак пред неколку дена наполни 92. Роберт Мугабе е претседател на Зимбабве и управува од 1980-та година:

И додека Турција ја презира демократијата, Европа молчи!

“Ќе останам на функцијата додека Бог не ме прибере”, категоричен е Мугабе, а со изјавата дека “штом во САД се дозволени истополовите бракови, јас сум подготвен да склучам брак со претседателот Барак Обама” го скандализираше светот .

655-402-afrikanski-lideri (2)

Според различни рангови пак, многу од диктаторите се миленици во својата земја, а поради оваа или друга причина заработуваат речиси 100 проценти од гласовите на избирачите.

Првото место за омилен диктатор му паѓа на претседателот на Џибути Исмаил Омар Гелех, кој во 2005 година доби 100% од гласовите на избирачите. Мал детал е дека бил единствениот кандидат за местото.

На второ место е сирискиот претседател Башар Асад. Во 2007 година тој беше реизбран со поддршка на 11 милиони Сиријци. Против него гласаа само 20 илјади шители на земјата.

Трет на листата повторно е претседателот на Екваторијална Гвинеја Теодоро Обианг Нгуема Мбасого, кој што според списанието “Форбс” има богатство од над 800 милиони долари. Петти пат во кој беше реизбран, ја доби поддршката на 95,4% од гласачите од африканската држава.