Власта и опозицијата во нова рунда за изборното законодавство

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Почнаа разговорите  меѓу власта и опозицијата, и   повторно изборното законодавство е тема на разговорите  , а во функција на спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија

20 июля Международный день шахмат 2 920х450

 

Од СДСМ претставници се Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова, од ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски и Никола Тодоров, од ДПА Имер Алиу и Беким Фазлуи и од ДУИ Артан Груби

За овие точки се разговараше и во поденелникот, а според неофицијалните информации беше постигнат напредок околу начинот на прочистување на избирачкиот список и ДИК, а за гласањето на дијаспората партиите се далеку од договор. Од денешната средба и онаа што треба да се случи утре се очекува да се види дали е можно да постигне договор за тоа како треба да се прочисти списокот на гласачи и како ќе се реформира ДИК.

Во петок пак можеби  е клучното , а тоа е  повторно на дневен ред ќе биде жешкото прашање околу јавниот обвинител.

сах мат

На синоќешниот состанок, кој траел два часа, се разговарало за специјалниот јавен обвинител. Партиските претставници не дадоа изјави за текот и исходот од средбата. Белгискиот експерт Питер Ванхауте само посочи дека имало многу интересна и многу солидна дискусија.

Според договорот од Пржино, специјалниот обвинител треба да биде назначен најдоцна до 15 септември. Но има информации дека доколку до 14 септември партиите не успеат да се усогласат кој да биде на оваа важна функција, според договорот од Пржино, специјалниот јавен обвинител ќе биде назначен од ЕУ и САД

На средбата во петок, партиите ќе почнат со конкретни разговори за законската рамка, како и за изборот, функционирањето и надлежностите на специјалниот обвинител.

Специјалниот обвинител, кој ќе биде комплетно независен, треба да ја расчисти аферата со прислушувањето, од кои произлезе и случајот „Пуч“. Оваа личност треба да ги добие сите материјали од „бомбите“.