Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за скандалот со медицинскиот отпад

од Aleksandar Todeski
436 прегледи

Власта и опозицијата и денеска продолжуваат со расправата околу тоа чија е вината за скандалот со медицинскиот отпад, а кој произлезе од фирмата „Еко клуб“ на битолчанецот Сашо Јанакиевски, чиј бизнис доживеа експанзија во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Фото: Борче Поповски

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција обвини дека власта доделила околу 60 тендери на битолската фирма.

„СДСМ и Зоран Заев обидувајќи се фирмата „Еко клуб“ од Битола и целиот скандал да го префрлат на штета на ВМРО-ДПМНЕ, испадна дека истата таа фирма земала милионски суми тендери од Владата на СДСМ, а само последната година над 60-тина договори за тендери земала фирмата „Еко клуб“ од државата и институциите во вредност од над 130 милиони денари“, изјави Арсовски.

Од владејачката СДСМ, пак преку соопштение реагираа дека не може да се сокријат фактите за скандалот со медицинскиот отпад и дека „Еко клуб“ има директна поврзаност со Никола Груевски.

„Ниту една празна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие вистината дека фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани. Ниту Министерството за одбрана е на Радмила Шекеринска, ниту Министерството за здравство е на Венко Филипче па тие лично да даваат тендери некому. Тоа беше пракса во време на владеењето на Груевски, па очигледно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ така го учеле. Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски. Директорот на Еко клуб е кадар на Греувски, директорот на Дрисла кој примал несоодтветно третиран опасен отпад бил Горан Ангелов исто кадар на груевски и некогашен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска“, реагираат од СДСМ по прес конференцијата на Арсовски.

Од таму велат дека оваа мрежа составена од лица од ВМРО-ДПМНЕ со години свесно и заради профит ги труела граѓаните и ја загрозувала животната средина.

Слични содржини