СДСМ: Власта ќе добие непреодна оценка единица од администрацијата!

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Почитувани граѓани, претставници на медиумите, почитувани вработени во администрацијата,

a-kiracovskiКазните од нелогичното оценување на администрацијата, што го смисли власта за лични и политички цели, нема да се спроведат!

Напразно пратениците на Никола Груевски во Парламентот гласаа против одложување на оценувањето до крајот на 2017 година.

На 11 декември заедно ќе ги направиме промените и вие ќе ја дадете последната оценка на неодговорната власт.

Власта на Груевски ќе добие непреодна оценка 1!

И нема да имаат шанса да спроведат ниту казнувања, ниту нарачани оценки!

По промените, новата Влада предводена од СДСМ веднаш законски ќе ги укине казните од оценувањето, и заедно со екпертерската јавност и засегнатите вработени ќе договориме модел што ќе ја мотивира администрација, наместо да ја казнува.

Сакам да порачам, на шефовите и раководителите кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што Груевски и фамилијата ќе се обидат да ги користат за нивни лични цели:

Внимавајте, не дозволувајте да станете инструмент во рацете на криминалната власт!

Никој да не се осмели предизборно да се заканува или да уценува вработени во администрацијата, со некакви партиски оценки што нема да важат!

Законот е јасен и казните за вакво дело, уцени и притисоци во предизборен период, се јасни. Секој кој ќе се дрзне да го направи тоа, најавувам, ќе одговара!

Не дозволувам злоупотреби на администрацијата!

Слободни, фер и регуларни избори се приоритет број еден за Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ