Власта ќе “ми купи кола”  од народни пари како новинар, ако се донесе закон за цензура за бомбите!

од desk3
96 прегледи

Поголемиот дел од јавноста, подложна на медиумската пропаганда и агитација, веројатно мисли дека ние Макеоднците сме “први” во регионот и светот во се. Ама не е така. И пред да се најдеме во ваква политичка ситуација како сега, во високо развиените капиталистички земји имало исти случаи на обид за цензура како сега кај нас, кога власта се обидувала да скрие протечени разузнавачки информации и нелегални активности на разузнавачите.

gruevski33

Во случајов кај нас е нелегалното прислусшување на УБК , за кое власта сака да воведе Закон за цензура на опозициските “бомби”, а тоа е причината за кочењето на реалцизацијата на договорот од Пржино.

И ете излезе дека ние сеуште сме “адолесценти” на политички план- некои “невоспитани” сакаат да стигнат до брзи пари и да ги задоволат своите фрустрации, нагони и потреби,се однесуваат насилнички кон соучениците во училиштето, а пак учителите сакаат да произведат здрава иднина кај младината. Вака би ја опишал ситуацијата за да не повредам нечии чувства (читај меѓу редови).

zaev_bombi

Меѓутоа зошто велам дека власта ќе ми купи автомобил, ако со закон забрани објавување на досега објавените бомби. Затоа што претходно Обединетото кралство се обидувало за протечени криминали на МИ5 и за протечени разузнавачки инзформации да им забрани на весниците Гардијан и Обсервер да објавуваат веќе објавени деликти на разузнавачите, а пак овие повеле Тужба пред ЕСЧП во Стразбур за кршење на државата на чл. 10 од ЕКЧП- Observer and Guardian против Обединетото Кралство од 1991 год.

За што станувало збор:

Весниците објавиле делови од книга на Г – дин Питер Рајт кој работел за британската Влада како висок  припадник на Британската служба за безбедност ( MI 5)  од 1955  до 1976,  кога  се повлекол.  Подоцна, без било какво овластување  од  своите  поранешни  работодавачи,  ги  напишал  своите  мемоари, насловени како Spycatcher , и се договорил да бидат  објавени во Австралија, каде тој тогаш живеел .

images

Во книгата се  зборувало за оперативната поставеност, методите и песоналот  на  MI 5  ,а бил вклучен и приказ на навод на нелегални активности  на  Службата  за  безбедност . Во  неа  тој,  меѓу  другото,  тврдел  дека MI 5  спроведува незаконски активности  со цел поткопување  на  лабуристичката  Влада  во 1974 – 1979,  дека  провалува  во  и „озвучува“ амбасади на сојузнички и непријателски земји и  дека  планира  и  учествува  во  други  незаконити  и  тајни  активности  внатре и надвор ,

и дека сер Роџер Холис ,  кој беше на чело на MI 5  за време на вториот дел од вработувањето на г-дин Рајт, бил советски агент. Г- дин Рајт претходно  се  имал  обидено,  неуспешно,  да  ја  убеди  британската  Влада  да  спроведе  независна  истрага  за овие  тврдења.

Во  1987 година  таква  истрага  била  побарана,  меѓу  другите,  и  од  голем  број  на  истакнати  членови  на  лабуристичката  Влада  од 1974 – 1979 , но  барањето  било  неуспешно.

download (1)

Дел  од  материјалот  во Spycatcher веќе  бил  објавен  во  голем број на книги заСлужбата за безбедност напишани од г-дин Чепман Пинчер

Дополнително, во јули 1984  година г- дин Рајт дал  обемно  интервју  за Granada

Television ( независна  телевизиска компанија која работи во  Обединетото Кралство) за  работата на службата а емисијата била повторно емитувана во  декември 1986.

 

Во отприлика истото време биле прикажани и  други книги и друга телевизиска емисија за работењето и тајните на службата , но речиси никакво дејствие не било превземено од  страна на Владата против авторите или медиумите.

 

Меѓутоа, државното правобранителство на Британија во 1985 година повело тужба против авторот за да се спречи издавањето на книгата во Австралија, а весниците Градијан и Обзервер пренесувале информации за спорот во Аватралија, а целата проблематика ја истражувале и самостојно   за несоодветно, криминално и  неуставно однесување од страна на офицери на  MI5.

 

И тоа им пречело на власта и на “безбедњаците” и побарале судска забрана за објавувањата на весниците на “веќе објавените информации” на таа тема повикувајќи се на одлука на Горниот дом на Обединетото Кралство. Весниците изгубиле на сите судски инстанци во Британија околу жалбата дека им се крши правото на слобода на мислата и изразувањето и пренесување на информации.

 

Арно ама “безбедњаците” заборавиле дека има Европски суд за човекови права и дека весниците можеле правдата да ја бараат таму.

sud

Нормално весниците тужеле во судот во Стразбур и тој нормално ги заштитил и пресудил во нивна корист, со надомест од 100 000 фунти.

 

Еве што пресуди ЕСЧП:

 

“слободата на изразување претставува една од суштинските основи на едно демократско општество, а според ст. 2 од чл. 10, тоа се применува не само за “информации” и “идеи” што се примаат со благонаклоност или се сметаат за ненавредливи или како прашање на индеферентност, туку и за оние што навредуваат, шокираат или вознемируваат. Овие принципи се од особена важност кога станува збор за печатот (медиумите). Додека не смеат да ги пречекорат утврдените граници со закон, меѓу другото, во “интерес на националната безбедност”, сепак тие се должни да испраќаат информации и идеи за прашања од јавен интерес. Не само што печатот има задача да испраќа информации и идеи, туку и јавноста има право да ги прима. Во спротивно, печатот не би можел да ја игра својата витална улога на “ЈАВЕН ЧУВАР”.

Чл.10 од Конвенцијата не содржи забрана за наметнување претходни ограничувања за објавување. Од друга страна, опасностите што ги носат претходните ограничувања се такви што тие повикуваат на највнимателно испитување од страна на Судот. Тоа посебно важи кога станува збор за печатот, бидејќи вестите се производ со краток рок на траење и одложувањето на нивното објавување, дури и за краток период, може да им ја одземе сета вредност и интерес.

За да не излезе дека зборувам на празно, целата пресуда можете да ја видите ТУКА. Интересна е! Да не заборавиме дека Р.Македонија ја има ратификувано Европската конвенција за ловекови права!

И сега да направиме споредба со актуелната состојба кај нас :

Британија го има г-дин Рајт , кој објавува за криминали и злоупотреби на МИ5, ние го имаме Заев кој исто така објавува за криминали и злоупотреби на УБК.

Британија се повикува на Одлука на Горниот дом, власта ќе се повикува на Закон за цензура на “бомбите”.

Информациите веќе биле објавени во Британија, а исто така кај нас и “бомбите”

 

Судовите ги  им забранувале на весниците да објавуваат за аферата, а истото ќе го прават и нашите ако се донесе т.н. Закон за цензура.

Имаме премногу сличности. И сега мене  на новинар што ќе ми преостане да направам ако власта го изгласа т.н. Закон за цензура на веќе објавените бомби?

Нормално ќе ја тужам Република Македонија во ЕСЧП за кршење на човекови права со барање за отштета повикувајќи се на оваа пресуда. И бидејќи имаме иста состојба и исти околности нормално е дека ќе ја добијам државата во Стразбур и ќе треба да ми исплати народни пари како отштета за прекршување на моите човекови права. Ја било, ја небило едно 5000 евра сигурно ќе добијам !

А што ако тоа го направат сите новинари во Македонија? Колку народни  пари ќе  бидат дадени за отштета на новинарите? А што ако тужат сите граќани на РМ?

Ама за власта подобро е да даваат народни пари отколку да се откријат “мрачните тајни ” на УБК и политичарите, нели!?

Има уште една Пресуда на ЕСЧП на истата тематика ама, нејзе ќе ја објавам доколку продолжи оваа политичка перверзија со човековите права…

Филип Ѓурчиновски