Власта не корумпира, туку стравот од губење на власта, порача Ахмети од Гостивар

од Nikola Popovski
217 прегледи

Нашиот пат за развој на државата, преку реформи на секое ниво на државно организирање согласно европските стандарди, како и борбата против криминалот и корупцијата мора да продолжи заедно, ако сакаме да успееме во реализацијата на сон за интеграција во европското семејство, истакна синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во рамки на своите партиски активности синоќа одржа средба со граѓаните и симпатизерите во Гостивар.

Според него, „власта не корумпира, туку стравот корумпира, поточно стравот од губење на власта“. Тој го спомнал и ветингот, според кој, „ќе биде опфатен секој политичар, секој функционер од централно до локално ниво“,

-Ги слушам и внимателно ги следам реакциите во врска со измената на Уставот, политичките партии имаат должност да ја едуцираат масата затоа што оваа држава е силна со Македонци и Албанци, во оваа држава лојалноста кон државата зависи од тоа колку државата e лојалнa кон граѓаните. Не сме далеку од членството во ЕУ, но мораме да си ја завршиме домашната задача. Задачите не се толку тешки како што се воспоставување на одредени стандарди, владеење на правото, борба против криминалот и корупцијата, без членство во ЕУ многу е тешко да ги запреме луѓето кои бараат подобар живот. Треба да бидеме посилни во конфронтациите што не очекуваат, рекол пред присутните Ахмети, кој беше придружуван од вицепремиерот и функционер на ДУИ, Артан Груби.

Интересно е што првиот човек на ДУИ во својот говор ги спомнал и телевизиите Алфа и Телма како „непријатели“.

Слични содржини