Со 55 гласа против и 32 не се усвои предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за да се укине пржинската влада.
Денеска на прес конференција, по новинарско прашање за тоа како го коментира тоа што СДСМ ја отфрла Пржинската Влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа: „Кукавличко“!
-Имавме договро, но толку држи договорот кој го имавме, како велат „држи вода додека не си отидат мајсторите“.Се дава рака на маса, а кога ќе се излезе надвор друго, вели Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ партија побара од Законот за Влада да се отстранат одредбите што уредуваат: 100 дена пред избори да се формира техничка или преодна Влада, во која ќе партиципира и опозицијата. Овие одредби беа внесени во законот пред предвремените избори во 2016.