Власта се нафрли врз младите кои ја шират вистината на Фејсбук, порачаа од СДСМ по кривичната за нивен член

СДСМ обвинува за притисок врз слободата на говор и обид да се замолчат критиките

од Nikola Popovski
5 прегледи Фото: Фејсбук

„Само поради критички објави на Фејсбук, младите добиваат закани, повици на информативни разговори, па дури и покани од суд и обвинителство. Сè поочигледен е политичкиот прогон што го спроведува власта врз наши членови и млади активисти“, објавија од СДСМ преку соопштение. Според партијата, ова се должи поради, како што велат, објавата на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ и сакандалите со милионски тендери за крадење на граѓаните.

Притоа СДСМ објави дека Герасим Лазов, истакнат активист и член на Централниот одбор на СДСМ, е повикан да се јави во Основното јавно обвинителство Кавадарци како „осомничен“. Според најголемата опозициска партија, ова е класичен притисок врз слободата на говор и обид да, како што велат, се заплашат луѓето и да се замолчи секоја критика кон власта на Мицкоски по рецептот на Никола Груевски.

-Тоа што го правеше Груевски сега го прави Мицкоски. Исти ликови, иста банда. Ниту некој ви се плаши, ниту некој ќе можете да заплашите или да замолчите, стои, меѓу другото во партиското соопштение.

Лазов се гони по член, 394-г од Кривичниот законик, кој се однесува на „ширење омраза, раздор или нетрпеливост преку компјутерски систем“.