Властите го затворија градот поради ЕДЕН СЛУЧАЈ на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Главниот град на Австралија, Канбера, денеска влезе во седумдневно заклучување откако беше регистриран еден случај на коронавирус, кој исто така беше откриен и во отпадните води.

Така Канбера им се придружи на Сиднеј, Мелбурн и неколку градови во австралиската држава Нов Јужен Велс, кои се заклучени поради ширењето на делта сојот, објави АП.

Жителите на Канбера можат да ја напуштат куќата само поради основните потреби или итни случаи, а продавниците за малопродажба ќе бидат затворени, додека угостителските објекти ќе можат да продаваат само храна за носење, соопштено е од главниот град.

Училиштата ќе бидат отворени за ученици кои не можат да останат дома.

Слични содржини