Властите во Аргентина заплениле илјада пушки и експлозив

од desk2
101 прегледи

Аргентинските власти соопштија дека денеска заплениле околу 1.000 пушки и околу стотина експлозивни направи.

Ова е најголема заплена од овој вид во аргентинската историја, пренесе агенцијата „АП“.

Полицијата спровела рација на 50 локации, пришто уапсени се 17 лица.

Министерството за внатрешни работи во земјата соопшти дека оружјето било донесено во Аргентина од Европа и САД.