Властите во Берлин: Деца шират омраза на пропалестинските протести

од Nikola Popovski
81 прегледи

Властите во Берлин ги обвинија демонстрантите на пропалестинските собири во градот дека сè почесто ги користат децата и младите за ширење омраза.

„Малолетниците се повеќе се злоупотребуваат за скандирање на протести и масовно поттикнување луѓе“, рече покраинската министерка за внатрешни работи Ирис Спрангер пред комисијата составена од берлински пратеници загрижени за екстремизмот и другите безбедносни закани во понеделникот.

„Оние кои сакаат да шират омраза и да поттикнуваат, намерно ги користат“, рекла таа.

Спренгер признала дека сликите од израелската воена офанзива во Појасот Газа ги вознемируваат луѓето, но дека демонстрантите не смеат да дејствуваат со омраза. Таа изјави дека некои демонстранти намерно го доведуваат во прашање владеењето на правото.

„Децата и тинејџерите не треба да присуствуваат на протести без придружба на возрасни, а камоли да извикуваат навредливи слогани. Тоа е она што се случува во моментов, не само во Берлин, туку и во други земји“, додала таа.

Шефот на берлинската полиција Роман Зајферт изјавил дека во петокот полицијата повторно идентификувала децата на протестите „кои извикувале слогани и провоцирале“.

„Против родителите е покрената истрага поради сомнение дека ја прекршиле должноста за грижа за децата“, рекол тој.

Во понеделникот, на годишнината од смртоносниот напад врз Израел од страна на палестинската радикална исламистичка група Хамас, полицијата соопшти дека повторно се очекуваат повеќе од илјада демонстранти во берлинскиот кварт Нојколн, центар на пропалестинскиот активизам во градот.

Слични содржини