Грчки владини претставници денес ја отфрлија можноста за предвремени избори, за да се стави крај на блокада со кредиторите на земјата, еден ден откако премиерот Алексис Ципрас отфрли последниот предлог на доверителите за “пари против реформи”, пренесоа агенциите.
Некои екстремисти во владејачката партија СИРИЗА, вклучувајќи еден заменик-министер, навестија во неделата дека ќе бидат потребни нови избори, за да се обезбеди јавна легитимитет за најтешките одлуки кои се неопходни за да се добие финансиска помош.
Ципрас, меѓутоа, не спомена за овој аспект за време на својот говор пред парламентот вчера. Наместо тоа, тој се фокусира на тоа да ги нападне условите на планот за спас, предложен од кредиторите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.
“Нема причина за избори”, изјави министерот за здравство, Панајотис Курумблис во телевизиско интервју денес. “Силно верувам дека ќе има договор”, додаде тој.
Министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, кој е од тврдите левичари во СИРИЗА, но е близок на Ципрас, исто ги отфрли тврдењата за избори, изјавувајќи за неделник “Агора”, дека владата има целосен мандат да ја исполни својата програма.
