Властите во Турција се замешаа и во љубовта

од desk3
149 прегледи

Министерството за религиозни прашања во Анкара инсистира вљубените да не флертуваат предбрачно и при средба девојките да се забулени, пишува весникот “Џумхуријет”.

TURSK

Во февруарскиот број на билтенот на министерството е објавена фатва во која се нагласува дека држењето рака за рака на парови не е во согласност со религијата и дека правилата на нивното однесување допрва треба да се дебатира и дека треба да се наметнат однесувања според барањата на исламот. Врховниот верски совет сепак излезе со обратно теза на ова мислење и предвиде дека фатвата ќе предизвика контроверзии.

Нема ништо лошо во тоа младите луѓе да се видат и да разговараат за да се запознаат подобро, не е нормално во овој век да се следи дали свршеницата е обвиткана според исламскиот канон и тоа да се наложува поради религиозни барања, се наведува во позицијата на духовниот совет, цитирана во весникот.

“Вљубените и паровите со години треба да се воздржат и се држат настрана од флерт, од заедничкиот соживот пред бракот, од милување, бакнежи, држење за раце и сето она во однесувањето, што исламот не го дозволува. Некои млади луѓе во името на верската чувствителност во периодот по свршувачката доживуваат тешки моменти до денот на склучувањето на религиозниот брак. Поради тоа мора да се потпишува и граѓански брак. Ако младите не донеле јасна одлука за семеен живот, тие во никој случај не треба да го прават официјалното врзување, туку да продолжат да ги почитуваат исламските методи за ангажирани парови “, гласи изјавата во фатвата.

Социјалните мрежи во Турција буквално колабираа од споделување на предметните барања на Министерството за верските прашања, велат читатели на опозицискиот весник.