197
Кичевчанец пуштил во оптек лажни евра во казино, информираат од СВР Охрид.
Според полицијата, вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
-Лицето сакало лажните евра да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од Охридската полиција.