412
МВР соопшти дека 53-годишен скопјанец ноќеска бил приведен од полицијата, откако претходно влегол во двор каде седеле две лица и им извадил бомба кашикара. Тие успеале да му ја одземат бомбата.
Инцидентот се случил на улицата „Петар Драпшин“ во Скопје, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.