62
Страшно злосторство се случило во Гимназијата во Сански Мост, кога маж влегол во Гимназијата и убил тројца вработени во ова училиште, потврдија од Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон во Босна и Херцеговина.
Престрелката се случила во утринските часови, а по неа осомничениот за злосторството, како што соопштија „Аваз“, се обидел да си пресуди.
„Пукањето се случило во 10:15 часот. Мажот Н.Н. со автоматско огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа, најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со сериозни повреди. Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бањалука. Полицијата е на терен“, изјави портпаролот на МВР на УСК.