Влегувале во куќи и краделе различни предмети

од Nikola Popovski
166 прегледи

ОВР Виница расчисти шест кривични дела „тешка кражба“ извршени во текот на 2020 година од куќи во „Ромското маало“ во Виница. По преземени мерки и активности било дојдено до сознанија дека лицата О.И.(29), И.А.(35) и А.И.(19), тројцата од Виница, со употреба на сила влегувале во куќите и одземале различни предмети.

Осомничените биле повикани во Полициска станица Виница и во службен разговор ги признале делата. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.