Пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија смета дека во македонската политика се случува „Амди Бајрамизација“, со влегувањето на Алтернатива во Владата.
-На прв поглед се заклучува дека првпат во Македонија се случува „Амди Бајрамизација“. Ова е пред се во политичкиот корпус кај Албанците. Тоа е прелет на политичарите и партии од една во друга опција, со што се нарушува изборната волја на граѓаните. Ова е сериозен предизвик за целата држава. Ќе видиме каков одговор ќе предизвика кај македонското гласаќко тело и воопшто кај граѓаните на Македонија. Ако тие се изложени на изборни измани, тогаш мислам дека ќе се замислат на кој начин и како ќе го остварат своето право, вели Стоиљковиќ во гостувањето на емисијата „Само вистина“.