ВЛЕН: 18-годишниот син на Беџети потпиша договор со „Комуналец“, ќе советува за 12 илјади евра

од Nikola Popovski
125 прегледи

ВЛЕН обвинува дека „ЈП Комунална хигиена“ потпишува договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина. Како што обвинуваат од коалицијата, се гледа дека парите ги прима Валон Беџети кој и се има потпишано.

-Предмет – „интелектуални услуги –  давање на совети за заштита на животната средина” без јасно дефинирани резултати, секако, да потсетам дека човекот на кого ЈП Комунална хигиена му плаќаат скоро 12.000 евра за совети е осумнаесет годишно дете. Еве погледнете и видете ја едната ставка: 775.000 денари за совети за заштита на животната средина. Со еден потпис, парите на скопјани завршуваат на сметка на фамилијата Беџети, додека Скопје тоне во ѓубре и нечистотија. Секако овој директор е поставен од другарката на Блерим Беџети, градоначалничката Данела Арсовска. Секако, ова е коалицијата на ДУИ, Левица и Димитар Апасиев од кој ќар имаат лично тие, а губат граѓаните на Скопје, порачуваат од ВЛЕН.

Оттаму додаваат и дека истото јавно претпријатие веднаш издава фактура бр. 73818 за истата сума од 775.000 денари за „извршени” услуги.

-Фактурата е потпишана од истата посредничка фирма, без доказ дека услугата воопшто е започната – камоли завршена.
Рецептот се повторува – втор корисник, близок роднина на директорот на ЈП Комунална хигиена Сабахедин Рустеми.
Погледнете ја Фактура бр. 73819 која носи ново име: Бесар Саќипи – близок роднина на в.д. директорот на претпријатието, Сабахедин Рустеми. Описот е речиси копи-пејст: „имплементирање нови техники за заштита на животната средина”. Повторно  договорени 775.000 денари. Истиот ден, истата сума, истата шема – овојпат за роднина на човекот што ја контролира касата. Во еден ден по 12.000 евра за синот на Блерим и за роднината на директорот назначен од Блерим. Штетата која е направена е 1.550.000 денари – еднаква на годишен буџет за нови контејнери во неколку скопски населби, потенцираат од ВЛЕН и бараат реакција од надлежните институции.

Слични содржини