ВЛЕН: Албанците добиваа само цвеќиња, ленти и фотографии на Фејсбук со ликот на Бујар и Артан

Од фотографии за Фејсбук на Артан и Бујар не се изгради ниту еден пат за Албанците, велат од ВЛЕН

од Nikola Popovski
12 прегледи

„20-годишните празни ветувања на ДУИ ги претвораме во градба на вистински патишта. ДУИ речиси две децении ѝ владееше на државата, но регионите каде што живеат Албанците добија ништо. Ниту еден крупен инфраструктурен проект не беше изграден, ниту еден километар автопат кон Гостивар, Кичево, Струга, Блаце или Ќафасан. Албанците добиваа само цвеќиња, ленти и фотографии на Фејсбук со ликот на Артан и Бујар“ реагираат денеска од Коалицијата ВЛЕН.

Оттаму велат „патишта се градеа секаде освен таму каде што живеат Албанците. Додека државата градеше кон Криви Паланка, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица и Гевгелија, ДУИ не се интересираше за градба на патишта во западниот дел на државата“.

-Автопатот Скопје–Блаце беше ветуван повеќе од 20 години, а за тоа време беа неколку пати „промовирани“ два незавршени километри. Експерти за реклама и за маркетинг, никако за работа. ДУИ стана позната по церемонии без реални резултати, ленти без асфалт, ветувања без бетон. Денес реалноста е поинаква, благодарение на ВРЕДИ. Градежна офанзива гледаме секаде низ западните региони. Од Тетово, преку Гостивар, до Кичево и Струга, булдожери, камиони и асфалтни бази сведочат дека конечно се гради и таму, се вели меѓудругото во соопштението на ВЛЕН.

Посочуваат дека ВЛЕН работи без помпа, но резултатите се видливи секој ден: нови траси, реконструирани делници и проекти во корист на сите граѓани.

-Покрај патиштата, вложуваме преку 300 милиони во локална економија, инфраструктура, образование и зелена транзиција, затоа што развојот мора да стигне до секое село и град, се наведува во партиското соопштение.

Слични содржини