ВЛЕН: Бројот 7 е знак на судбина и промена што не запира

„Исто како 7-те дена во неделата што го одржуваат животот во ритам, 7 на ВЛЕН ќе донесат нова ера за нашите граѓани“- велат од владееачката коалиција

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Фејсбук

Бројот 7 е бројот на ВЛЕН на локалните избори на 19 октомври, потврдија од владеачката коалиција. Според нив, ова не е само број, туку е знак на судбина, исполнување и промена што никогаш не запира.

-Исто како 7-те дена во неделата што го одржуваат животот во ритам, 7 на ВЛЕН ќе донесат нова ера за нашите граѓани, секој ден и секоја недела од годината.

Со нашиот слоган „ЕДЕН ГЛАС”, ги обединуваме сите гласови на граѓаните во една сила што ќе ја собори корупцијата, неправдата и стагнацијата. „ЕДЕН ГЛАС” е гласот на Албанците, младите, жените, работниците, дијаспората и секој граѓанин кој бара еднаквост и достоинство.

7 е вистинската одлука. 7 е патот кон промените. 7 е победа. На 19 октомври, граѓаните ќе зборуваат со ЕДЕН ГЛАС, а тој глас е бројот 7.

ВЛЕН е гласот на промените. ВЛЕН е вашиот глас. На 19 октомври, гласајте ЕДЕН ГЛАС, гласајте број 7! И тој глас ќе биде силен, јасен и незапирлив, порачаа од коалицијата составена од неколку партии од албанскиот блок.