Од коалицијата ВЛЕН денеска соопштија дека го ценат своето гласачко тело и нивното право. Органите на коалициите допрва треба да заседаваат, по што ќе се излезе со јасен став дали ќе изразат поддршка во вториот круг од изборите за еден од кандидатите Гордана Силјановска-Давкова или Стево Пендаровски за претседател на државата.
-Правото да се искористи правото на глас е право кое секој граѓанин треба да го искористи, без разлика дали му се допаѓа некој кандидат, рекоа на прес-конференција од ВЛЕН.
Според здружената албанска опозиција, општ познат факт е дека главната цел на ДУИ е само власта.
-По парламентарните избори, нашите работни групи со работните групи на мандатарот и победничката партија од македонскиот блок, ќе седнат и ќе ги договорат сите детали околу идната влада во нашата држава, беше соопштено на прес-конференцијата.