ВЛЕН: ДУИ од страв од правда се стреми кон Пржинска влада, необјасниво е зошто Таравари стана дел од играта на Ахмети

од Nikola Popovski
100 прегледи

Коалицијата ВЛЕН попладнево преку соопштение порача дека се дел од Владата во име на 107 илјади албански гласови, а не во име на која било партија или конкретно име. Истакнуваат дека ги претставуваат не само тие гласачи, туку и политичката програма за борба против корупцијата што ја поддржаа тие гласачи. Затоа, според новиот политички субјект, ВЛЕН останува посветена на исполнување на своите ветувања и претставување на Албанците.

-Свесни сме за политичката игра на ДУИ, која од жед за моќ и страв од правда, се стреми кон Пржинска влада, но тоа е невозможно и никогаш нема да се случи. За нас е необјасниво зошто Арбен Таравари стана дел од оваа игра на Али Ахмети за да се спаси себеси и своето семејство.

Сепак, ВЛЕН сака да ја информира јавноста дека единствените избори што ќе се одржат се локални избори, на кои ќе донесеме промени и конечно ќе го победиме криминалот, корупцијата и неспособноста на ДУИ и нејзините функционери во текот на изминатите 23 години, стои во партиското соопштение.

Едното крило на Алијансата за Албанците, предводено од Таравари, вечерва ќе се состане во Гостивар, при што се очекува партијата да донесе одлука за напуштање на владата.

-Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, рече Таравари. Тој дополни дека „не сака да бидат марионети во Влада и членовите и активистите на нивната партија да мислат дека не се грижат за нивните интереси“.

Слични содржини