ВЛЕН: ДУИ свесно се обидува да манипулира со јавноста во врска со инцидентот на скопскиот аеродром

од Илинка Илиоска
164 прегледи

ДУИ свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста. Косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел влошување на билатералните односи со Косово, порача коалицијата ВЛЕН во најновото соопштение.

„Ноторен факт е дека пред и за време на предизборната кампања ДУИ не се воздржуваше да покаже незадоволство кон Косовските Државни функционери затоа што не ја добија нивната политичка поддршка. Не случајно вчера напоменавме дека нема да бидеме зачудени доколку луѓе блиски до лицето А.Г., познато по масивна политичка корупција и казино бизниси, биле замешани на некаков начин во аеродромскиот инцидент“, велат од владиниот коалиционен партнер.

Понатаму, коалицијата ВЛЕН обвинува дека ДУИ испраќа панични соопштенија за да ја попречи истрагата и да манипулира со јавноста. Во овој контекст, тие поставуваат две прашања со цел да ја разоткријат вистината и да ги повикаат виновниците на одговорност :

Кој вработен на аеродромот, кој објавува фотографии на социјалните мрежи со лицето А.Г. се појавил на лице место на инцидентот и со кои намери и причини?

Колку криминал имаат направено поранешни функционери на ДУИ кога на ваков подмолен начин се обидувате да ја вовлечете Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во обид да креирате тензии за да ги направите Албанците заложници за да се спасите од правосудна одговорност?

ВЛЕН тврди дека времето за вистината доаѓа и дека срамот на ДУИ ќе биде огромен.

Случајот привлече големо внимание и предизвика дебати за улогата на ДУИ и потенцијалните мотиви зад инцидентот. Косовските власти бараат официјално извинување од македонското МНР и целосна истрага и одговорност за сите инволвирани страни.

Слични содржини