ВЛЕН: Еден човечки гест не ја загрозува секуларноста на државата

од Илинка Илиоска
102 прегледи

Коалицијата ВЛЕН смета дека молитвата во Собранието за жртвите од Сребреница е само човечки гест. Велат дека таа не се одржала на редовна седница, туку се користела собраниската сала за настан на кој им се оддаде почит на убиените во геноцидот.

„Дефиницијата за секуларноста е многу точно изразена и се знае на што се однесува. Тоа е кога директно религијата се наметнува врз политиките на државата. Но, еден човечки гест не мислам дека ја загрозува секуларноста на оваа држава“, изјави денеска Фари Хисени од ВЛЕН.

Вчера во Собранието се одбележа 11 Јули – Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница што предизвика лавина реакции со обвинувања дека собранискиот спикер Африм Гаши и останатите учесници на настанот ја прекршиле секуларноста на државата бидејќи изведувале верски обред – молитва.

Слични содржини